Тин камп

Тин камп
Kitas

Квиско

Sekmadienis, 10:15

Квиско е квиз за деца со едукативен, образовен и забавен карактер. Составен од пет различни игри чија содржина е наменета за соодветната возраст на учесниците во квизот од 4, 5 и 6 одделение.Квиско е квиз за деца со едукативен, образовен и забавен карактер. Составен од пет различни игри чија содржина е наменета за соодветната возраст на учесниците во квизот од 4, 5 и 6 одделение. Во секоја епизода на "Квиско" учесници ќе бидат два тима составени од по три деца. ТВ проектот "Квиско" има за цел да едуцира и образува преку игра и забава, другарување, обработувајќи соодветни теми прилагодени на возраста на учесниците , а интересни за широката публика. Целта е преку интересни и забавни игри да се продлабочат знаењата на децата, да се развие нивната фантазија, желбата за учење, логика, концентрација како и стекнување нови знаења и вештини од различни области, а кои би ги интересирало и родителите и секое едно семејство или било кој друг гледач.

Daugiau...

Aprašymas

Тинејџерски серијал "Тин камп" претставува неколку тинејџери, таленти во музика и танцување кои се упатуваат во Крушево, за да бидат учесници во реномиран музички камп.Тинејџерски серијал "Тин камп" претставува неколку тинејџери, таленти во музика и танцување кои се упатуваат во Крушево, за да бидат учесници во реномиран музички камп. Сите учесници се дојдени со иста цел, преку натпревар да ја освојат главната награда, а тоа е стипендија за реномираниот американски музички универзитет "Беркли". Поради привлечноста на наградата, а и самото реноме на кампот, во Крушево се собираат деца од неколку балкански држави, со што кампот станува интернационален. Во 10 епизоди во времетраење од 30-на минути, учесниците на кампот ќе доживеат неповторливо искуство, учејќи нови животни лекции. Во посебни епизоди ќе се зборува за историјата на градот, преку локациите како што се Мечкин камен, Македониум и слично. Посебна епизода ќе има и во спомен куќата на Тоше Проески, со што ќе ја потсетиме младата публика на оваа музичка легенда. Сепак тинејџерскиот серијал не би бил тинејџерски без искуствата со кои се соочуваат децата на таа возраст. Во серијата "Тин камп" ќе бидат вкоренети реалните проблеми на младите, како што се првата љубов, разочарувањето, љубомората, првото пијанство, односот со родителите, емотивната состојба на младите, здравјето, внатрешниот мир, семејството, вистинските пријатели, малите задоволства, желбата да помогнете некому. Заклучокот на крајот е дека пријателите се темелите на нашиот живот. Тие ги прават нашите животи побогати и исполнети. Времето поминато со пријателите, семејството и со саканите е најважниот момент во животот.


TV programa

Kanalas Laikas Pavadinimas
MRT 5 Sekmadienis, 09:45 Тин камп
MRT 5 Sekmadienis, 18:00 Тин камп
MRT 5 Pirmadienis, 01:30 Тин камп
MRT 5 Pirmadienis, 11:20 Тин камп
MRT 5 Pirmadienis, 19:50 Тин камп
MRT 5 Antradienis, 02:45 Тин камп
MRT 5 Antradienis, 10:40 Тин камп
MRT 5 Antradienis, 19:25 Тин камп

Facebook

TV Kanalas

MRT 5

MRT 5
North Macedonia

МРТ 5 — канал на Македонската радио-телевизија за детска програма на јавниот сервис.