Дајте музика

Дајте музика
Siguiente

Тин камп

lunes, 01:30

Тинејџерски серијал "Тин камп" претставува неколку тинејџери, таленти во музика и танцување кои се упатуваат во Крушево, за да бидат учесници во реномиран музички камп.Тинејџерски серијал "Тин камп" претставува неколку тинејџери, таленти во музика и танцување кои се упатуваат во Крушево, за да бидат учесници во реномиран музички камп. Сите учесници се дојдени со иста цел, преку натпревар да ја освојат главната награда, а тоа е стипендија за реномираниот американски музички универзитет "Беркли". Поради привлечноста на наградата, а и самото реноме на кампот, во Крушево се собираат деца од неколку балкански држави, со што кампот станува интернационален. Во 10 епизоди во времетраење од 30-на минути, учесниците на кампот ќе доживеат неповторливо искуство, учејќи нови животни лекции. Во посебни епизоди ќе се зборува за историјата на градот, преку локациите како што се Мечкин камен, Македониум и слично. Посебна епизода ќе има и во спомен куќата на Тоше Проески, со што ќе ја потсетиме младата публика на оваа музичка легенда. Сепак тинејџерскиот серијал не би бил тинејџерски без искуствата со кои се соочуваат децата на таа возраст. Во серијата "Тин камп" ќе бидат вкоренети реалните проблеми на младите, како што се првата љубов, разочарувањето, љубомората, првото пијанство, односот со родителите, емотивната состојба на младите, здравјето, внатрешниот мир, семејството, вистинските пријатели, малите задоволства, желбата да помогнете некому. Заклучокот на крајот е дека пријателите се темелите на нашиот живот. Тие ги прават нашите животи побогати и исполнети. Времето поминато со пријателите, семејството и со саканите е најважниот момент во животот.

Más...

Descripción

По точно 27 години, неколку деца повторно ќе го откријат Старо Маало.По точно 27 години, неколку деца повторно ќе го откријат Старо Маало. Во триесет епизоди, исполнети со музика, забава, дружење, перипетии, интриги, задоволства и незадоволства, ќе ги проследиме животите на Јован, Филип, Тео, Наташа, Саша, Кики и многу други деца, на возраст од 6 до 11 години. Една навидум незначајна средба на првиот училишен ден, ќе им го промени животот на главните протагонисти од "Дајте Музика".


Guías de TV

Canal Hora Título
MRT 5 domingo, 01:00 Дајте музика
MRT 5 domingo, 09:15 Дајте музика
MRT 5 domingo, 17:30 Дајте музика
MRT 5 lunes, 01:00 Дајте музика
MRT 5 lunes, 10:30 Дајте музика
MRT 5 lunes, 19:45 Дајте музика
MRT 5 martes, 02:00 Дајте музика

Facebook

TV Canal

MRT 5

MRT 5
North Macedonia

МРТ 5 — канал на Македонската радио-телевизија за детска програма на јавниот сервис.